Масовна поддршка на Скопје прајд 2019

Сподели

 

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружи на првиот Скопје Прајд, одржан денеска на 29 јуни 2019 година.

 

 

Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на нашите ЛГБТИ сограѓани во борбата против стигматизација, дискриминација, насилство и говор на омраза кон нив.

 

 

Маршот е можност ЛГБТИ, како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. Затоа во многу градови ширум светот, вклучително и на Балканот, се одржуваат паради на гордоста.

 

 

Интерпартиската група продолжува континуирано да придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви можности за сите.

На официјалната страна на Владата на Северна Македонија пишува дека Владата и Претседателот ја подржуваат Парадата на гордоста.

“Северна Македонија е општество на еднакви можности за сите граѓани.”

На денешната парада се вклучиле околу 1000 учесници. Забележани се и политичари, а евидентно е и присуството на поддржувачи од соседните земји.