Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари видео разговор со украинскиот министер за здравство Виктор Љашко.
Министерот Љашко изрази благодарност до Владата на Северна Македонија и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина.
Министерот Меџити истакна дека Северна Македонија секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти.