Медицинскиот туризам е еден од најзначаните форми на туристичка понуда

Сподели

На денешната прва дводневна конференција за медицински туризам во Бања Лука како учесник во вториот панел на тема „ Улогата на авиолиниите како двигатели за развојот на медицинскиот туризам и развојот на дестинацијата ” модерирана од зам.министерот  за телекомуникации и туризам г-дин Предраг Тешиќ,  доц.д-р Љупчо Јаневски образложи повеќе сегменти на селективноста во здравствениот туризам и неговото големо значење за развој на дестинацијата.

Медицинскиот туризам преставува еден од најзначаните форми на туристичка понуда во одредена дестинација, значаен за  намалување на сезоналноста во дестинацијата, нови инвестиции, развој на човечките ресурси и подобрување генерално на медицинските услови за граѓаните и туристите во дестинацијата. Неговиот мултипликативен ефект значајно делува врз економските текови на државите и директно влијаат врз бруто домашниот производ од туризмот во државниот економски систем.

Конференцијата ги интегрира најеминентните експерти на полето од медицината, туропертори од регионот и туристички експерти кои низ панелите ги споделуваат своите искуства и низ заклучоците од конференцијата помагаат врз развојот на оваа многу значајна туристичка форма во Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска која од своите 1.200.000 ноќевања , една третина се остварени во сегментот на бањскиот туризам.

На панелот Јаневски ја потенцираше потребата од создавање на подстратегија за развој на здравствениот туризам во Република Српска која ќе биде комплементарна со државната стратегија за туризам, како и создавање на биро за развој на здравствениот туризам кое би ги опфатило сите чинители во оваа сфера создавајки туристички производи и фокусирана промотивна кампања на најзначајните дестинации од кои во следните пет години би се зголемувал бројот на туристи.

Оваа конференција преставува типичен пример како треба да се работи во иднина на ова поле кога е регионалната соработка во прашање и можноста целиот регион во туристички аспект стане поконкурентен за европската и светска туристичка мапа.