Денеска во светот се одбележува 3. мај, Меѓународен ден на слободата на медиумите.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници посочуваат дека неколку години по ред во извештаите за слободата на медиумите во Македонија, вклучително и последниот на Репортери без граници, констатира дека новинарите се слабо платени и работат во несигурни услови, односно платите во медиумите се под 300 евра, што е далеку под нивото на просечната плата во Македонија.
Крајно време е, велат од ССНМ, прашањето за работните и професионални услови на новинарите и медиумските работници да биде ставено во центарот на дебатата за тоа какви медиуми сакаме во Македонија. Според нив, заканата од лажни вести пред која е оставено квалитетното новинарство во нашата земја која стана синоним за „лажни вести“ не може да биде победена со слабо платена, недоволно обучена работна сила која не е заштитена со колективен договор.
Последните извештаи на ЕК и на другите меѓународни организации констатираа напредок во однос на условите во кои работат новинарите во Македонија, но дека останува уште многу да се направи.0