Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам (ВИДЕО)

Сподели

Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, 2. април има за цел да стави акцент на пречките со кои се соочуваат секојдневно луѓето со аутизам и другите кои живеат со лица со аутизам, а исто така се прославуваат уникатните вредности на оние со аутизам.

Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намелена способност на социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување..

Генералното собрание на Обединетите нации, во ноември 2017 година, ја усвои резолуцијата со која се осврнуваат на посебните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките со посебни потреби во контекст на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

На овој светски ден за свесност за аутизмот, сите да учествуваме во менување на ставовите кон лицата со аутизам и во признавањето на нивните права како граѓани кои, како и сите други, имаат право да ги бараат тие права и да донесуваат одлуки за нивниот живот во согласност со своја волја и желби“– Антонио Гутерес, Генерален секретар на ОН.

Оваа година, Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, ќе се фокусира на важноста на зајакнувањето на жените и девојките со аутизам и нивно вклучување во организации, во политиката и во донесувањето на одлуки за решавање на овие проблеми.

Во Македонија се уште нема регистар за луѓето со аутизам, но според светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден со аутизам, тоа значи дека кај нас има околу 12000 и оваа голема бројка не смее да се занемари.

Кампањата која се одвива во Македонија, од страна на организациите кои се занимаваат со овој проблем, има за цел да ја подигне свеста за потребите на луѓето со аутизам за секојдневна вклученост и претставување на прифатливи начини на комуникација.

За реализирањето на оваа кампања беше потребно волонтерско вклучување на повеќе млади луѓе, и идејата беше да се подготви видео спот со оргинална музика во кој ќе бидат покажани елементите на вклученоста меѓу младите.

Спотот произлезе од неколку „герила“ настани на различни локации во Скопје, како претстава на улица, графит, планина, делење налепници, лепење постери, креирање на голем банер и ретвитни оброк. На сите настани учествуваат и деца со аутизам.

civilmedia.mk