Мексико: Преку тунел долг 40 метри избегале 29 затвореници

Сподели

Најмалку 29 затвореници избегаа од затвор во северната мексиканска држава Тамаулипас, а тоа го направија така што ископале тунел, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа информација ја потврди и портпаролот на полицијата во Тамаулипас, Алберто Родригез, кој изјави дека затворениците избегале од затворот во главниот град Сиудад Викторија, преку претходно ископан тунел.

Тој посочи дека безбедносните сили веќе уапсиле 12 бегалци и дека еден од нив за време на бегството застрелал возач и го украл неговиот автомобил.

Родригез вели дека затворениците ископале тунел на длабочина од пет метри, долг од околу 40 метри. Тој истакна дека тунелот бил ископан од внатрешната страна на затворот, која затворениците ја држеле под своја контрола.

Тој нагласи дека е започната истрага против 30 вработени во затворот во Сиудад Викторија, и дека во тек е акција на безбедносните сили за фаќање на избеганите затвореници.

Во преполните мексикански затвори често доаѓа до бунт и насилство.