Мемети: Селективната правда e сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните

Сподели

Народниот правобранител, Иџет Мемети, денеска го презентираше годишниот извештај за степенот на почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи во кој констатираше дека сѐ уште се присутни селективната правда и партизираната јавна администрација на централно и локално ниво.

“Се поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, и популистички и неприменливи правни прописи што дополнително го отежнуваат остварувањето на права на граѓаните”, констатирал Народниот правобранител минатата година при работата врз преставки на граѓаните.

– Ова е сериозна пречка во остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани. Социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик на граѓаните, вели Мемети.