Агенцијата за подршка и промоција на туризмот и Албанската национална агенција за туризам потпишаа меморандум за соработка на саемот во Белград „Винска визија на Отворен Балкан”.
Имајќи предвид дека туризмот е важно средство за зајакнување на меѓусебното разбирање, културниот и општествениот живот на двете држави и продлабочувањето на соработката директорката на АППТ Билјана Стефаноска и директорката на Албанската национална туристичка агенција Зана Чела, порачаа дека двете земји ќе работат заедно на развојот и промоцијата на своите туристички потенцијали се со една идеја привлекување на што поголем број на туристи.