Меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и Друштвото на писателите на Македонија

Сподели

 

По долгогодишна успешна соработка Општина Илинден и Друштвото на писателите на Македонија за прв пат потпишаа официјален документ-Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, м-р Александар Георгиевски и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, проф. д-р Христо Петрески.

 

 

Потпишувањето на Меморандумот е продолжение на плодната соработка низ годините наназад во областа на културата и книжевноста. Според Меморандумот, Друштвото на писателите на Македонија и Општина Илинден заеднички ќе учествуваат во креирањето на програмата и реализацијата на програмските содржини на традиционалната Литературна манифестација “Илинден” која оваа година во месец мај ќе се одржи по 24-ти пат.

Во рамки на Меморандумот, ќе се поттикне соработката помеѓу ДПМ и Општина Илинден преку размена на идеи за можни взаемни или поддршка на идни проекти. Друштвото на писателите на Македонија ќе учествува и во реализација на конкурсите, чествувањата, работилниците, промоциите, како и литаратурните читања што ќе бидат организирани во општина Илинден.

Во знак на благодарност за успешната соработка претседателот на ДПМ, проф. д-р Христо Петрески и проф. д-р Кристина Николовска, претседателка на Собранието на ДПМ, му доделија почесна титула “Пријатели на ДПМ” на градоначалникот, Александар Георгиевски. Како што истакнаа од ДПМ оваа титула се доделува на почесни пријатели и поддржувачи на асоцијацијата.