МЕНДУХ ТАЧИ И САМКА ИБРАИМОВСКИ УТРЕ ВО СЈО

Сподели

menduh-thaci1

Лидерите на ДПА, Мендух Тачи и на ПЦЕР, Самка Ибраимовски утре се повикани да дадат искази во Специјално јавно обвинителство, потврдиле од нивните партии за sdk.mk.

Тие се повикани како сведоци во предистражна постапка во врска со истрага за дела што произлегоа од аудио-снимките од  прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

Пред една недела, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека во периодот што следи, во СЈО ќе има зголемена фрекфенција на лица кои се повикуваат во врска со предметите што ги води Обвинителството.