Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека си поднел неотповиклива оставка од лидерското место во партијата. Информацијата ја објави на својата Фејсбук страница.
„Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА до вонредниот конгрес колективно ќе раководи Управниот совет. Дополнително ќе биде определен датумот кога тој ќе биде одржан. За координатор на сите активности е назначен генералниот секретар Азем Садику“, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук, објави Алсат-М.