Канцеларката Меркел во четвртокот му се обрати на германскиот парламент, пред Самитот на НАТО кој ќе се одржи идниот викенд во Варшава
БЕРЛИН (АА) – Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека судирот на Русија и Украина длабоко ги вознемирил источноевропските членки на сојузот на НАТО и поради тоа на Балтичките земји и на Полска „потребно им е јасно охрабрување од Сојузот”, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларката Меркел во четвртокот му се обрати на германскиот парламент, пред Самитот на НАТО кој ќе се одржи идниот викенд во Варшава. Меркел истакна дека покрај губењето на довербата кон Русија, НАТО ќе продолжи со својата двојна стратегија на одвраќање и дијалог со Русија.
Германската канцеларка истакна дека НАТО се соочува и со други судири, и во овој „турбулентен свет” Алијансата треба да се носи со последиците од граѓанската војна во Сирија, нестабилноста во Ирак и судирите во субсахарска Африка. Канцеларката Меркел се осврнала и на бегалската криза, екстремистичката група ДАЕШ и високо-технолошкиот криминал како закани околу кои Сојузот на НАТО треба да се ангажира.