Меркел: Клучно за укинување на санкциите кон Русија е примената на договорот за Украина

Сподели

angela-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека овој месец ќе биде остварен значаен напредок во примена на мировниот договор за кризата на истокот во Украина. Таа наведе дека тој договор е клучен за укинување на санкциите на Русија.

– Договорот од Минск кој беше постигнат минатата година, претставува основа на која може да се изградат условите за укинување на санкциите кои Европската Унија и ги воведе на Русија – рече Меркел.

Германската канцеларка повтори дека санкциите не се цел сами по себе и дека добрите економски односи на ЕУ и Русија се во интерес на сите.

Таа додаде дека долгорочно гледано заедничката економска област која се протега од Владивосток до Лисабон е идеа на која треба да се работи чекор по чекор.

ЕУ на крајот на јули се одлучи за продолжување на санкциите на Русија кои Брисел го воведе поради делувањето на Москва на истокот на Украина и спојувањето на полуостровот Крим.

Меркел: Клучно за укинување на санкциите кон Русија е примената на договорот за Украина