Германската канцеларка Ангела Меркел има намера да се кандидира за свој четврти мандат, изјави денеска членот на нејзината Христијанско демократската унија (ЦДУ), Норберт Ретген за Си-Ен-Ен
– Ќе се кандидира за функцијата канцелар. Меркел е апсолутно одлична и подготвена да придонесе за јакнење на меѓународниот либерален поредок. Таа е камен-темелник на политичкиот концепт на Западот, делувајќи како глобален играч, изјави Ретген.