МЕРКЕЛ: Прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Сподели

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни дека е за прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ, тврди весникот „Билд“.

Според германскиот весник, Меркел вчера пред своите сопартијци во Бундестагот истакнала дека мерките на турските власти по неуспешниот обид за пуч во земјата, не дозволуваат да се започне со отворање на нови теми во преговорите со Турција.

Минатата недела Европскиот парламент усвои необрзувачка резолуција со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, поради мерките на турските власти, кои следеа по обидот за државен удар во јули оваа година.

Во реакција на резолуцијата, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека таа нема никакво правно значење за Анкара, додека претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека Турција би можела да бара други алтернативи за ЕУ и се закани со можно отворање на границите за мигрантите кои се наоѓаат на турска територија и кои закаат за заминат кон европксите земји.