Германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Франција, Емануел Макрон, пристигнаа во Истанбул каде што ќе учествуваат на четирилатералниот Самит за кризата во Сирија, чиј домаќин ќе биде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот, кој ќе се одржи во резиденцијата Вахдетин во Истанбул, има за цел консолидирање на примирјето во Идлиб, и наоѓање едно политичко решение за кризата во Сирија.
Турција, Германија, Франција и Русија на Самитот ќе разговараат за случувањата на терен, ситуацијата во Идлиб по Договорот од Сочи и за политичкото решение во рамките на платформите на Астана и Женева.
На Самитот ќе учествува и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура.
За првпат Самитот ќе ги собере претставниците на платформата на Астана и на малата група основана во Женева од страна на Мистура. Претходно, Мистура во Женева дискутираше за формирање уставен комитет со претставниците на двете платформи.