Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент, Бундестагот, даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Taa повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија, пренесува Дојче веле.
“Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ”, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ.
“Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ”.