Меркел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите

Сподели

 

-” Поради доцното објавување на извештаите за земјите, рокот за одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше краток. Пред оваа одлука, Сојузната влада мора да добие и согласност од Бундестагот” – истакнато е во кабинетот на Меркел на прашањето од црногорскиот весник „Побједа“ да ги прокоментира одлуките на Советот на ЕУ да го одложи отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Германија цврсто стои зад европската перспектива на Западниот Балкан и ги поддржува земјите од тој регион во нивните реформски напори, соопштија од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка на крајот на дводневниот самит на лидерите на ЕУ, во Брисел, на кој одлуката за преговори беше одложена, се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство со ЕУ до октомври и оти таа ќе ја заложи сета нејзина политичка тежина за да се донесе таа позитивна одлука.