Меркел за руската агресија: Ова е пресвртна точка за историјата на Европа

Сподели

 

Поранешната германска канцелара Ангела Меркел ја осуди руската инвазија врз Украина и изрази солидарност со земјата, пренесува Дојче веле.

„Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртна точка во историјата на Европа по крајот на Студената војна“, изјави Меркел за германската агенција ДПА. 

„Нема апсолутно никакво оправдување за ова еклатантно прекршување на меѓународното право, и го осудувам со најсилни можни зборови“, изјави Меркел. 

„Моите мисли и мојата солидарност е со украинскиот народ и со владата предводена од претседателот Володимир Зеленски во овие страшни часови и денови“, рече Меркел, изразувајќи „целосна поддршка“ за напорите на ЕУ, НАТО, ОН и Г7 да и стават крај на војната. 

DW