Meрцедес поради проблем со стартерот повлекува 354.000 возила

Сподели

Мерцедес повлекува 354.000 возила во САД, поради проблеми со стартерот кој може да прегрее и да предизвика пожар, јавува Anadolu Agency (AA).

Повлекувањето опфаќа одредени модели на автомобили од Ц-класа, Е-класа и ЦЛА, како и спортски автомобили ГЛА и ГЛЦ произведени од 2015 до 2017 година.

Мерцедес во јуни минатата година започна истрага во врска со ова прашање, откако ги доби извештаите за термичкот оштетување.

Сопствениците на автомобилите ќе бидат известени овој месец, кога ќе може во јули да дојдат и да ги заменат деловите.

Anadolu Agency