Владата ја почна постапката за отуѓување на „мерцедесот“, кој вредеше 600 илјади евра, соопшти на „Твитер“ портпаролот на Владaта Миле Бошњаковски.
Тој соопшти дека возилото од МВР премина во сопственост на Службата за општи и заеднички работи, по што ќе почне постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема.
Информацијата ја сподели и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку својот профил на „Фејсбук“.