Метју Палмер во посета на Скопје на средба со Димитров

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе го прими специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер кој ќе престојува во работна посета на нашата земја.

Се очекува министерот Димитров и високиот претставник на Стејт Департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.

Пристигнувањето на специјалниот претставник на државниот секретар Метју Палмер во Министерството за надворешни работи е предвидено во 14:30 часот