Михајлоски: “Освежувањето” на партијата со одредени исклучоци е големо разочарување

Сподели

-Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ заврши без најава за суштински реформи во партијата. Никола Груевски имаше историска шанса на Централниот комитет да ја стави на разгледување и на одобрување Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, како вовед во еден процес за структурални промени, на кој начин партијата ќе ја покажеше својата посветеност кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе можеше многу посилна, обединета и реформирана да влезе во изборите, но наместо тоа, одлучи да робува на минатото и на застарените политики, кои партијата ја однесоа во опозиција.

“Освежувањето” на партијата со одредени исклучоци е големо разочарување не само за вмровците, туку и за цела јавност во Република Македонија.

Ние од иницијативата до распишување на локалните избори ќе продолжиме со нашите активности, уште поуверени дека сме на вистинскиот пат.

Искрено се надеваме дека и другите од раководството кои имаат судски постапки и кои веруваат дека се неосновани ќе го следат примерот на Сашо Мијалков и ќе дозволат партијата во следните избори да влезе неоптоварени со судските постапки, кои се големо бреме за партијата, напиша на Фејсбук, иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски,