Мијалков го напушти судот, одлуката за мерки на претпазливост во рацете на судијата

Сподели

mijalkov-saso

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, по речиси двочасовен распит го напушти Кривичниот суд. Тој излезе од истиот спореден влез на зградата на Кривичниот суд од каде што и влезе, а неколку минути подоцна и припадниците на специјалните полициски сили го одблокираа влезот. Засега од судот нема информации дали покрај Мијалков денеска на распит дошле и другите двајца осомничени во случајот „Трезор“, Тони Јакимовски поранешен шеф на кабинет на директорот на УБК, и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, иако биле уредно поканети.

Одлуката за тоа дали и која мерка на претпализвост ќе му биде одредена на Мијалков, треба да ја донесе судијата на претходна постапка.

Поранешниот директор на УБК денеска точно напладне се појави во Кривичниот суд Скопје.