Куќниот притвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е укинат до правосилност на пресудата од три години затвор во случајот „ Титаник 2“ на СЈО.
Сашо Мијалков ќе се брани од слобода. Укинувањето на куќниот притвор следува бидејќи денеска истекуваат 60 дена откако беше изречена првостепената пресуда за „Титаник 2“ каде тој доби затворска казна од3 години. Според закон, по изрекување на пресудата, судот може да изрече притвор додека таа не стане правосилна, но тој не може да трае подолго од 60 дена.
Место куќен притвор, на ексдиректорот на УБК му се одредени поблаги мерки на претпазливост, како: обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна или друга исправа како и забрана за преминување на државната граница со лична карта.ov