Мијалков нема да дојде во Судот – oдложено e рочиштето за „Титаник 2“

Сподели

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Мендух Тачи е одложено. Причината е поради тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.

Сашо Мијалков повторно нема да се појави на Судот, откако минатата недела требаше, но исто така не беше спроведен од притворот во Шутка на рочиште за предметот „Тврдина-Таргет“ кое беше одложено.