Поминаа 19 дена од неуспешениот рефередум на кој народот се изјасни дека не дава андат за уставни измени. Власта одолговлекува со гласањето затоа што се свесни дека за претениците поважна е волјата на народот од притисоците.
Милошоски од претседателот на Парламентот Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владејачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.
„Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето мандат за уставни измени“, рече Милошоски.
Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владејачкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата на народот.