Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Д-р Аким Али, Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Република Македонија. На средбата беше разгледана работата на СЗО во земјата и можностите за соработка, особено во контекст на ЕУ реформите кои се во тек во областа на јавната администрација.
“Министерството за јавна администрација активно учествува во процесот на модернизација на јавниот сектор и унапредување на ефикасноста на институциите, особено во делот на управувањето со јавните услуги. Успешната реформа на јавната администрација е клучна за создавање на поефикасни и транспарентни институции, кои ќе одговоруваат на потребите на граѓаните и ќе ја поддржат европската интеграција на земјата.” – потенцираше Министерот Минчев.
Д-р Аким Али ги презентираше тековните проекти и иницијативи на СЗО, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка за успешно спроведување на ЕУ реформите во Република Македонија.
Средбата заврши со договор за понатамошно зајакнување на соработката, со фокус на остварување на заеднички цели и унапредување на процесите во јавната администрација.
