Министерката Дескоска се сретна со претставници на Студентскиот пленум

Сподели

Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска денеска одржа работна средба со претставници на студентското движење „Студентски пленум“.

На средбата беше истакнато дека во наредниот период ќе се пристапи кон измени на Законот за високо образование, во чии подготовки учество ќе земат и претставници на Студентскиот пленум.

Министерката Дескоска изјави дека на средбата со претставниците на Студентскиот пленум, станало збор и за студентскиот стандард, како и за севкупното студентско движење.

Претставниците на Студентскиот пленум, напоменаа дека се подготвени за соработка со Министерството за образование и наука, и истакнаа дека нивното движење не било формирано да се урне претходната владина гарнитура, и ја потсетија министерката Дескоска, дека тие ќе бидат коректор за сите нелогични и двосмислени законски решенија во областа на високото образование.