“Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции.
Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации.
Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив. Мојата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив.
Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.
Во спротивно, Горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата”, изјави министерот Бектеши по вчерашната реакција на новинарите кои беа нападнати вербално од министерот.