Дозволете ми да ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет, упати честитка министерот Оливер Спасовски од манастирот „Света Богородица” во село Матејче.
“Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет – плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште на
мајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот.
Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта.
Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината.
За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица!”