Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален, бидејќи нема датум за избори

Сподели

dik-1-860x680

Кратењето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено дата за одржување на избори, велат од министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на Буџетот парите со кои располагаДржавната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари.

Од над 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

– Кога се правеше и усвојуваше Буџетот за 2016 година во Изборниот законик имаше дата за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите по трет пат годинава средства повторно ќе се обезбедат – одговорија од министерството на прашањето на „Мета“ за причината за огромното кастрење на средства за ДИК.