Министерството за правда информира дека законот за Jавно обвинителство се изготвувал долг временски период од работна група во која што учествуваале домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и странски јавни обвинители коишто давале сугестии и мислења за одредени прашања поврзани со законот.
Од министерството за правда, велат дека законот е се уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваат да подготват амандмани на тој текст.
„Се останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата“, наведуваат од Министерството за правда.
Од таму нагласуваат дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавното обвинителство, бидејќи работната група го подготвувала текстот повеќе од две години, и помина една година откако се започнати преговорите за овој закон – се наведува во соопштението на Министерството за правда.