Министерство за транспорт и врски и „Визер“ денеска ќе потпишат договор за субвенции

Сподели

Министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер” денеска ќе потпишат Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии.

Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Визер“. Во наредните три години на авиокомпанијата треба да ѝ бидат исплатени пет милиони евра.

Субвенционираните летови од аеродромите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“ која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродроми во изминатите шест години.