Министерство за здравство: Стопиран тендерот од 36 милиони евра

Сподели

Тендерот вреден 36 милиони евра, кој го распиша министерството за здравство за набавка на хемиски реагенси е стопиран.

-“Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме” – истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

– “Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките” – рече Филипче и ги повика и компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите, зашто, како што рече, имале разговори заради тоа што пазарните вредности се многу помали од тоа што сега во моментов се користи.