Министерство за здравство: Воведуваме вакцини за пневмокок и рота вирус

Сподели

Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната работилница „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата“, во организација на Светската здравствена организација и семејна медицина“.

-“Имунизацијата е единствената мерка која нѐ заштитува од заразни заболувања. Оваа година, за првпат воведуваме вакцини за пневмокок и рота вирус.

Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина и досега вакцинирани се 27.248 деца на возраст до 14 години. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата. Сите деца кои се невакцинирани за да се заштитат од можни компликации треба веднаш да се вакцинираат” –  истакна министерот Филипче.