Министерството за здравство: Информацијата за смртоносниот „парацетамол“ е лажна

Сподели

Информацијата што се прошири на социјалните мрежи за смртоносен „парацетамол“ е лажна и непроверена, објави Министерството за здравство на „Фејсбук“.

Од таму велат дека сите заинтересирани може да се обратат до Агенцијата за лекови за дополнителни информации.

Деновиве на социјалните мрежи кружи фотографија на која е прикажан „парацетамол“ кој наводно содржи смртоносен вирус.

„Бидете внимателни да не го земате „парацетамолот“ кој доаѓа со П/500. Тоа е нов, многу бел и сјаен „парацетамол“, лекарите советуваат дека содржи machupo-вирус, кој се смета за еден од најопасните вируси во светот со висока стапка на смртност“, се вели во објавата.