Министрите од ДУИ поднеле оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
-Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук.
Одлуката ја најави министерот за надворешни работи Бујар Османи и потпретседател на ДУИ, одговарајќи на новинарски прашања за уставните измени. И вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во понеделникот на телевизиско гостување рече дека се подготвени да излезат од Владата во истиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени.
Едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ. Од СДСМ порачаа дека со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и влада без ДУИ.
Оставките ги најави лидерот на ДУИ Аки Ахмети во писмо испратено до премиерот Димитар Ковачевски во кое стои:
-Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата.
Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека Демократската унија за интеграција и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,
Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат! Оставките, премиере, се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени.