МИРОВЕН СОВЕТ НА ВЛАСТ ВО ТУРЦИЈА, ЕРДОГАН ГО ПОВИКА НАРОДОТ НА УЛИЦА

Сподели

_90413669_mediaitem90413667

„Со децении ја создававме Република Турција, а владата која до овој момент владееше го сруши угледот на Република Турција. Со погрешните политики дозволија тероризмот да владее во земјата, правниот систем го доведоа во состојба да не може да функционира во никој поглед, го срушија уставниот поредок, корупцијата ги пречекори сите граници, ја еродираа демократијата и секуларното владеење на правото. Република Турија ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни должности како членка на НАТО и на ОН“, се вели во прогласот на армиската група која на ТВ изјави дека ја презела контролата врз Турција.

Според прогласот, земјата сега ја води мировен совет кој ќе ја осигура безбедноста на народот. Нов устав ќе биде подготвен што поскоро. Веќе е воведен и полициски час.

Претсдателот Реџеп Тајип Ердоган со смс даде изјава и го повика народот да излезе на улица.

13681088_1746151392268817_5096357968875805618_n

„Војската нека дојде да ги убие народот“, изјавил Ердоган.

Според турски „Си-Ен-Ен“, Ердоган е на безбедно место но не даде детали.

Затворени се мостови во Истанбул, а авиони летаат ниско во Анкара и се слушаат пукотници. Војската ја презеде турската државна телевизија ТРТ и стопирана е програмата.

„Власта во земјата е целосно превземена“, се вели во изјавата прочитана на НТВ, но не се знае кој ја води и кого претставува  групата.

Како што јавува дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК од Истанбул,  војската и полицијата пукаат едни врз други, а војската ги празни улиците. Плоштадот Таксим е испразнет од војската, која ги држи и аеродромите во Истанбул и Анкара.

Има извештаи дека највисокиот воен генерал се држи во заложништво во генералштабот.

Турскиот премиер ја осуди „илегалната акција“ на воена група. Премиерот Бинали Јилдирим рече дека воената акција не е изведена со дозвола и не е пуч. Рече дека владата останува на сила.

„Станува збор за обид за удар, нема да го дозволиме, оние што го вклучено во овој илегален чин ќе платат највисока цена“, рече тој и додаде дека не е точно овој потег да се опише како пуч.

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој е  во посета на Москва рече дека се надева на мир и „континуитет“ во Турција. Рускиот колега Сергеј Лавров рече дека е важно да се избегне крвопролевање во Турција.

sdk.mk