Мицевски: Од утре активна блокада на Собранието

Сподели

 

На денешната прес-конференција, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски изјави дека следува активна блокада, бидејќи Ковачевски и Владата одбија дијалог во 4 клучни области за граѓаните и разговор за предвремени избори,имаме живот во национална катастрофа.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека иако утре ќе започне со блокада на Собранието, сепак ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот.

– Активно ќе бидат блокирани само штетните законски политики, наведе Мицевски и додаде дека утре ќе го прецизира точниот број на закони кои треба да влезат во Собрание а ќе бидат опструирани.