Мицкоски: Да се прогласи веднаш состојба на криза, а потоа вонредна состојба

Сподели

 

“Нашиот став после лидерската средба е дека е потребно откако со консензус се донесе став да се одложат изборите, да се формира експертски тим којшто ќе донесе правна основа односно правен фундамент за одлука којашто понатаму ќе значи и ќе подразбира одложување на предвремените парламентарните избори.

Тоа е првиот заклучок. Вториот заклучок е она коешто ВМРО-ДПМНЕ го побара, а е различно од тоашто го изнесоа лидери на политички партии, дилемата дали да имаме кризна состојба на целата територија или да имаме прогласување на вонредна состојба. Она коешто е важно да се напомене е следново дека Уставот предвидува вонредна состојба, а не предвидува кризна состојба. Но она коешто е исто така значајно е што вонредна состојба практично не е регулирана со Закон, односно не е регулирана методологијата и одговорноста што би значело прогласување на вонредна состојба и кои би биле чекорите. Додека пак постои Закон за справување со кризи и тој во минатото беше аплициран односно кога беа се сеќавате оние поплави во Скопје и ширум Македонија тогаш се повикувавме на тој Закон. И се формираше кризен штаб и се дејствуваше визави она коешто е дефинирано со законот за кризи. Така што можеби треба експертите коишто подоцна во денот ќе разговараат најпрвин 30-тина дена да се прогласи веднаш состојба на криза на целата територија на државата, дури потоа да се примени кон вториот чекор, а тоа е прогласување на вонредна состојба. Или пак некои понатамошни парцијални определувања на криза во определени региони коишто ќе бидат зафатени со пандемијата на корона вирусот” – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/197904921466625/