Премерот Христијан Мицкоски денеска испрати порака до трговците дека никој не смее да профитира на грбот на народот, МЗШВ исплаќа субвенции за сточарите, МОН предвиде 120 милиони денари за бесплатен автобуски превоз за студентите. А во 2025 година има рекордно зголемување на одбранбениот буџет, се настаните кои го одбележаа денот.
Нема место за профитери на грбот на граѓаните, премиерот Мицкоски со насока до Министерството за економија и труд да се утврди фактичката состојба со цените.
МЗШВ исплати 7 милиони евра субвенции за сточарите.
Рекордно зголемување на одбранбениот буџет, се модернизира Армијата, се исполнуваат НАТО стандардите.
За 2025 година Владата предвиде 120 милиони денари за бесплатен автобуски превоз за студентите.