Мицкоски ги повика граѓаните на масовна излезност на изборите

Сподели

Денес е последниот ден од првиот круг на изборната кампања за претседателските избори.

Иако во изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови се погласно се говори од страна на експонентите на власта дека, наместо да избираат граѓаните, можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија.

Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните, поништување и укинување на правото граѓанинот директно, на непосредни избори да го избира својот претседател. Добро се знае кој го има мнозинството во Собранието, исто како што се знае и начинот до кој дојдоа до тоа мнозинство.

Со ова изборот на претседател ќе се сведе на трговија со услуги наместо да биде јасна волјата на народот изразена непосредно на избори.

Сценариото што го најавуваат е повторно да заплашат дека можат и без народот како што тоа го направија со измените на Уставот.

Да се поништува волјата на граѓаните и да се избира претседател наместо на избори, во Собрание, не е баш Европска Македонија, а уште помалку некакво одење напред. Тоа е огромен чекор наназад, во уште потемни времиња за Република Македонија.

А зошто ова го прават и зошто е ова сценарио на Зоран Заев?
Зошто знаат дека на фер и демократски избори ќе загубат, катастрофално ќе загубат, исто како што знаат дека народот доаѓа по своето оваа недела. Затоа се нервозни, затоа прават сценарија, ставајќи се над законите и над Уставот. Но треба да знаат дека не се господари на волјата на граѓаните, туку тие треба да бидат слуги на државата Република Македонија.
Kој е начинот да се избегне ова сценарио на кое сега јавно предупредувам?
Да се излезе, да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број и да се покаже дека народот е главен и суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни Заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во своите раце.

Власта да не се дрзнува да ја попречува волјата на народот и да не пристапува кон методите на фалсификат како што тоа го правеше за време на референдумот. Тоа овој пат нема да помени.

Излезете почитувани сограѓани, добри луѓе, излезете и гласајте за промени. Ваквите сценарија може да бидат победени само со гласот на народот, а ние заедно ќе испратиме порака дека Македонија е на народот. На секој еден човек кој сака подобар живот, промени , правдина и честитост.

21 април е почетокот на крајот на Заев Зоран и неговите слуги.
Гордана ќе биде, а победата на Гордана ќе е победа на народот, на правдата , чесноста, принципите и честитоста. Ние се бориме и заеднички ќе се избориме за Македонија горда и достоинствена, вистински напредна.
Сосема на крајот, сакам да посочам нешто, гледам дека Заев Зоран сака очајно сопствениот неуспех и евентуалниот неуспех на неговиот кандидат да го препише на мене. Освен тоа што цела јавност е веќе свесна за каков човек станува збор, човек за кого искажаниот збор нема никаква вредност ниту тежина лесно го менува, сепак би сакал да истакнам дека во ситуација кога, како што би рекол еден политичар, идеолошки блиската опозиција во Република Македонија ќе освои многу повеќе гласови од власта вака здружена на купче сите оние транзициони ликови, јасно е дека си бара алиби да објасни пред членството како ја довел партијата што ја води до такво дереџе и јасно е дека алтернативните сценарија што ги споменува, а кои се со цел да се избегне волјата на народот се само во неговата глава, во неговиот ум и во главата евентуално на неколкумина неговите блиски слуги кои што се уште остануваат да го поддржуваат.

Народот масовно ќе излезе во недела и ќе ги казни овие анационални, антидржавни и криминални политики во Република Македонија.
Правдата ќе ја победи неправдата! – напиша Христијан Мицкоски на својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2333859306896318/