Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави:

„Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, просек. 

А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме, не само зголемена брзина на карго превозот којашто ќе транзитира низ нашата држава, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции коишто секако поради побрзиот транзит, ќе биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десет пати тој да се зголеми. Два пати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина. Така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е Македонски железници годишен приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.