Мицкоски: Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори

Сподели

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по одлуката на СДСМ да не распише вонредни парламентарни избори, порача дека Зоран Заев и СДСМ избегале од избори, ама дека нема да избегаат од волјата на народот.

„СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, напиша Мицкоски на неговиот „Фејсбук“ профил.