Мицкоски: Лажни се вестите дека го прифативме Договорот со Бугарија

Сподели

 

Христијан Мицкоски од Загреб изјави дека се лажни вестите дека наводно го прифатил договорот со Бугарија, потенцирајќи дека неговиот став во однос на договорот е непроменет.

Тој посочува дека никогаш нема да прифати друго освен вистината дека Гоце Делчев и македонскиот јазик се македонски.

“На средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодифициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ.Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн., изјави Мицкоски.