Мицкоски: Ништо не е готово, заедно ќе победиме

Сподели

 

Ништо не е готово, заедно ќе победиме, пратениците се обврзуваат со нотарски изјави дека нема да поминат уставни измени, и борба за промена на преговарачката рамка, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Собранието.
 
Тие мислат дека го завршија предавството, но треба да знаат дека заедно со народот ќе победиме во оваа борба.

И пред да кажам зошто ништо не е завршено, сакам да се осврнам на она што се случуваше овие денови.

Договорот таков каков што владата го усвоила и се согласила преставува срам за целата држава, а самиот чин на прифаќање преставува предавство на националните и државни интереси. Ова е комплетирање на вториот дел од предавството започнато на Заев уште јули – август 2017-тата година.

Предавството сега кое содржи план за бугаризација и асимилација на Македонија и македонскиот народ ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и секој член на Владата кој го поддржа овој срамен документ.

Тие се ставија на темната страна на историјата и тие наместо страната на народот ја одбраа страната на предавството.

Но и сакам јасно и гласно да се знае дека ништо не е готово, а народот не треба да очајува. Борбата продолжува. И ќе победиме, се додека сме заедно, цврсти како карпа, обединети. Обединети не заборавајте и силно фокусирани за нивниот пад, за што мора избори да има.

Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Но затоа обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. Повторувам нема да помине во македонското Собрание промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во него. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници седат позади мене и сме заедно во оваа битка.

. На иницијатива на пратениците како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот, а за тоа гарантираат со својата чест, совест и оставка која веднаш стапува на сила доколку тоа се случи. Јас верувам дека ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство и за тоа го имате и мојот збор дека тоа нема да се случи тоа. Ова се тие изјави, заверени на нотар. Нема отстапување ниту милиметар од ова. Нема чекор назад, затоа што позади нас е се што имаме, нашите семејства, нашето достоинство, нашето име, и нашата Македонија.

ДОЛУ ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ! ДА Е ЖИВА МАКЕДОНИЈА! изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.