Мицкоски: Обезбеден е К-15 за 84 илјади вработени во вредност од една милијарда евра

Сподели

„Во ребалансот на Буџетот, иако тоа во основниот Буџет не беше предвидено, во ребалансот на Буџетот околу милијарда денари за исплата на К-15 која е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска како работодавач најголем има намера да ја заврши кон крајот на ноември месец, почеток на декември месец“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање и додаде:

„Затоа што знаете согласно законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате да го исполните правото да бидете примател на К-15 така што ќе овозможиме на голем број на наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15.“

Премиерот Мицкоски подвлече дека Владата преку ребаланс на Буџетот обезбеди К-15 за 84 илјади вработени чиј работодавач е Владата.

„Така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот Буџет со ребалансот се предвидени, некаде 83 до 84 илјади вработени чиј работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември почеток на декември месец“, рече Мицкоски.