На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет.
“Вие Господине Заев се срамите, се плашите, се препелкате, не сакате да изустите дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со Договорот вие го избришавте тоа Господине Заев. А вашиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е народот македонски, туку тоа е етницитет и тоа е различно од граѓанство во една држава.”
Изјави, Христијан Мицкоски во дуелот со Заев, во “Само вистина”.