Мицкоски: Зев да си поднесе веднаш оставка по скандалот

Сподели

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски смета дека Заев треба да си поднесе оставка по скандалот со разговорите со лажните Порошенко и Столтенберг и веднаш да се формира техничка влада.

„За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна, бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат, меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

Според опозицијата ова е прекршување на дипломатскиот протокол за комуникација меѓу високи државни функционери од страна на премиер Заев и неговиот тим. Разговорите меѓу државници ги договараат двете амбасади, а за тоа неопходно е да биде известен и министерот за надворешни работи, а потоа и амбасадорите на двете земји.